Здравје

Чаеви за детоксикација на организмот

 

По консумирање храна со многу маснотии, газирани сокови и колачиња, на организмот му е потребно чистење. Еден од наједноставните и најприродните начини за исфрлање токсини од телото е пиењето чаеви, кои заради своите состојки му помагаат на организмот да се врати во форма. Пред користењето на чајот во детоксикациска намена стручњаците препорачуваат да поминете еден ден во постење, за време на кој ќе пиете само билни чаеви и вода, и така ќе го подготвите телото за детокс. Билните чаеви се познати по тоа што ги чистат цревата и црниот дроб, ја подобруваат дигестијата и го засилуваат имунитетот.

Прочитајте кои чаеви треба секојдневно да ги пиете.

Зелен чај. Доаѓа од Кина чија народна медицина негува верување дека зелениот чај може да ги излечи сите болести. Лековитото дејство на зелениот чај се признава и денес, па се препорачува за слабеење и за прочистување на тенкото црево, белите дробови и црниот дроб. Зелениот чај содржи и кофеин (во многу помали количини отколку во кафето) кој го стимулира варењето на храната, но не се препорачува негово користење во доцните вечерни часови за да не предизвика несоница.

Планински чај. Има исклучително пријатен мирис и вкус, го зајакнува имунитетот и ја враќа изгубената енергија по напорни активности. Содржи железо со што ја зајакнува крвта, а влијае и смирувачки на нервите. Подготвен топол и со додаден мед, се засилува неговото лековито дејство. Има аналгетски, антипиретски и антибактериски својства. Се користи за комплетно зајакнување на организмот и за подобрување на дигестијата.

Чај од шипка. Шипката е билка богата со витамин Ц, а плодот на шипката содржи високи количини натриум и железо. Со овој чај се поттикнува варењето, се прочистува крвта, се подобрува имунитетот. Истражувањата покажуваат дека со варењето витаминот Ц не се уништува туку се зголемува, така што овој чај слободно може да ви стане омилен напиток.

Чај од глуварче. Сите знаеме што е глуварче, но малкумина знаат за неговите лековити својства. Глуварчето ги исфрла вишокот течности од телото, го зајакнува имунитетот, ја поттикнува работата на црниот дроб и на бубрезите. Заради своето силно дејство и составот, чајот од глуварче не се препорачува на трудници и на доилки.

Чај од ѓумбир. Егзотичен и пикантен, овој чај делува благотворно на организмот. Ѓумбирот се користи како зачин во многу јадења, а во последно време сè повеќе се користи како главно средство во борбата против грипот и настинката, кои се чести за време на зимските месеци. Исто така, чајот од ѓумбир го намалува апетитот и ги согорува масните наслаги.

 

Слични написи

Три “направи сам” тестови за бременост од минатото

Biba

Дали знаете како слабеењето влијае на вашиот имунолошки систем?

dart

Сообраќајната бучава е штетна за здравјето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.