Наука

Модуларна колиба во најсеверниот град на светот

Планинарите кои одат во Хамерфест, најсеверниот град во Норвешка и во светот, на нивното патување имаат можност да се одморат и да соберат сила во посебно дизајнирана колиба од модули изработени од дрво. Целиот концепт се вклопува во околината, а на оние што ја користат им овозможува пријатен одмор споен со преубав поглед на прекрасната норвешка природа.

Колибата е изградена од норвешката трекинг асоцијација, а дизајнот е на Spinn Arkitekter и се состои од 77 дрвени компоненти споени заедно.

Колибата е така дизајнирана за да се вклопува во природната околина, а се планира изградба на уште една.

Планинарите во неа можат да се одморат, да се стоплат и да си подготват јадење, притоа гледајќи ја арктичката панорама низ големиот прозорец. Имаат можност да се восхитуваат на прекрасното изгрејсонце, зајдисонце и прекрасната поларна светлина.

Дизајнот е тестиран на тамошните климатски услови и перфектно се снаоѓа со ладното време и големиот снег.

Колибата е дизајнерски и функционално совршена.

Слични написи

Како да се направи серум против змиски отров

dart

Ни се случува ли “климатски апартхејд”?

Biba

Природни начини за заштита од комарците во летниот период

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.