Автомобилизам

Новиот концепт на GMC носи назив Sierra 1500 AT4 All Mountain

 

Американската автомобилска компанија GMC го претстави својот нов концепт на пикап, кој наместо тркала, има гасеници. Новиот концепт беше претставен на годишното родео, изложба и фестивал со наслов Calgary Stampedo, кој се одржува во Калгари, Канада.

 

 

Според оскудните податоци, овој концепт го придвижува 6,2-литрен В8 мотор од Џенерал Моторс, кој испорачува сила од 420 коњски сили, а силата се пренесува со помош на автоматски менувач со 10 степени на пренос, произведен исто од Џенерал Моторс.

 

 

Возилото користи Matracks технологија која со помош на гасениците ја максимализира неговата офроуд способност.

Се наведува дека Sierra 1500 AT4 All Mountain ќе биде опремен со голем број на технолошки новитети.

 

 

 

Слични написи

Lightyear One – електричен автомобил кој ги полни батериите и на сонце

Biba

Верзијата S ја доби и луксузниот модел на Бентли, Flying Spur

dart

Сè поизвесно е појавувањето на SUV од Bugatti

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.