Потребни состојки:
1/2 чаша путер
1 чаша млеко
2 лажички екстракт од ванила
4 јајца (на собна температура)
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Во тавче на ниска температура стопете го путерот. Додајте ги млекото и ванилата и мешајте додека смесата да се сврели, но да не зоврие. Намалете ја температурата уште малку.
- Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, а кога смесата ќе се згусти во неа полека сипете го врелото млеко и мешајте со миксерот на ниска брзина.
- Брашното, прашокот за печиво и солта измешајте ги заедно. Откако смесата со јајца и млеко ќе стане еднолична, додајте ги сувите состојки.
- Кога ќе добиете конзистентна смеса, истурете ја во тавче кое претходно сте го намастиле и набрашниле и печете го колачето во рерна загреана на 160 степени Целзиусови околу еден час. Откако тестот со чепкалка ќе покаже дека е испечено, извадете го и оставете го да се олади.
- Колачето сервирајте го декорирано со шеќер во прав, шлаг или свежо овошје, по ваш избор.
На здравје!