Гастрономија

Чоколадно колаче во тегла

 

Потребни состојки:

1 чаша брашно

1 чаша шеќер

1/2 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка цимет

1/3 чаша путер

1/4 чаша вода

3 лажици какао

1/4 чаша јогурт или кефир

1 јајце изматено со виљушка

1/2 ќесичка ванилин шеќер (или 1/2 лажичка екстракт од ванила)

1/4 чаша сечкани ореви

1 чаша=250 мл

Состојките се доволни за 2 тегли од 450-500 мл или четири теглички од 200-250 мл.

Начин на подготовка:

  1. Теглите стерилизирајте ги со вриење во вода десетина минути и оставете ги во топлата вода додека не дојде момент да ги полните.
  2. Во подлабок сад измешајте ги брашното, шеќерот, содата и циметот.
  3. Во длабоко тавче на тивок оган искомбинирајте ги путерот, водата и какаото. Мешајте додека да се стопи путерот и состојките убаво да формираат еднолична смеса.
  4. Во оваа смеса додајте ја смесата со брашно и мешајте да се соединат убаво двете смеси.
  5. Додајте ги јогуртот, ванилата и јајцето, и матете со рака додека добиете мазна смеса.
  6. Додајте ги оревите и уште еднаш измешајте.
  7. Тестото распоредете го поеднакво во теглите (не полнете повеќе од половина тегла за да не истече за време на печењето) и ставате ги да се печат во рерна претходно загреана на 160-170 степени Целзиусови. Гледајте теглите да не бидат многу блиску една до друга.
  8. По печењето затворете ги цврсто со капак за да се вакуумираат.
  9. Колачето послужете го целосно оладено, а ако е добро вакуумирано може да се чува и до неколку месеци пред послужување. Пред да го послужите може да го декорирате со шеќер во прав, шлаг, кандирано овошје или нешто друго по личен избор.

На здравје!

 

Слични написи

Густа супа од грашок и шунка

Biba

Брзо колаче со ореви

Biba

Едноставен трик како да омекнете путер без да користите микробранова печка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.