Автомобилизам

Мик Шумахер оди по стапките на својот татко

 

Мик Шумахер, син на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, стана член на Академијата на Ферари.

Деветнаесетгодишниот Мик минатата година од втор обид успеа да ја освои титулата во Формула 3 и веќе оваа сезона вози во Формула 2, последното скалило пред влезот во големото шоу наречено Формула 1.

Малиот Шумахер оваа сезона ќе има двапати шанса да тестира болиди на Ферари, што не значи дека сепак во иднина ќе стане возач на Ферари.

Според предвидувањата на експертите, Мик Шумахер наскоро ќе го добие своето место во Формула 1, најдоцна до 2021 година.

Оваа сезона улогата на тест возач на Ферари ја има Паскал Верлејн, кој го замени Даниел Квијата поради заминување како возач за Торо Росо.

 

Слични написи

Новиот модел на Koenigsegg со назив Jesko е распродаден за само неколку дена

Biba

Следниот автомобил на Џемс Бонд ќе биде електричен

Biba

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.