Автомобилизам

Telluride новиот SUV за осум лица на KIA

Kia Telluride е најголемиот SUV во историјата на Kia, кој покрај возачот може да прими уште седум патници.

Планот е овој XXL теренец да се пласира на пазарот во САД, евентуално и на пазарот на Далечниот Исток.

Според потврдените информации што ги има во моментов, Telluride ќе има бензински 3.8 литрен V8 мотор со 290 ks и и 355 Nm. За преносот е задолжен менувач со 8 степени на пренос и силата ќе се пренесува на сите 4 тркала. Ќе има 4 мода на работа и тоа смарт, еко, спорт и комфорт.

Надворешниот изглед на Telluride е со малку груби црти, со детали кои се малку и предимензионирани, како што е предната решетка од моторскиот дел. Од друга страна пак, внатрешноста е преполна со технолошки новитети, сигурносни системи и комфор.

Telluride во продажба се очекува кон крајот на 2019 година, а цените сè уште не се објавени.

Слични написи

Mercedes-Benz X класата претворена во возило за кампување

Biba

Најјакиот и најбрзиот Мини

Biba

Првата официјална фотографија на Lamborghini Huracan Evo

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.