Автомобилизам

Следниот автомобил на Џемс Бонд ќе биде електричен

 

Според информациите споделени од англискиот The Guardian, следниот автомобил кој ќе го вози тајниот агент Џемс Бонд ќе биде Aston Martin Rapid E.

Главната улога повторно ќе ја има Даниел Крег и според актуелните планови прикажувањето на филмот е закажано за април 2020 година.

Бондовиот Rapid E ќе биде еден од само 155 произведени примероци од спортскиот автомобил. Цената ќе биде 250.000 фунти, а во салоните се очекува во четвртиот квартал на оваа година.

Aston Martin Rapid E е опремен со батерија од 65 kw/h која му овозможува автономија од 320 километри. Ќе го движат два мотори кои испорачуваат 600 ks и 950 Nm, а од 0-100 km/h забрзува за само 4 секунди, и постигнува максимална брзина од 250 km/h.

 

Слични написи

Специјален Fiat 500 од Abarth Classicche за прославата на 100 години Монца

dart

Autobest за „Best Buy Car of Europe 2021“ му припадна на новиот сеат леон

Biba

Мик Шумахер сè поблиску до Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.