Здравје

Сокот од брусница го регулира крвниот притисок

Освен за уринарни инфекции, сокот од брусница се препорачува и за регулирање на крвниот притисок.

Истражување на британски научници покажало дека сокот од брусница е одличен за намалување на крвниот притисок. Во многу претходни истражувања е докажано дека црвеното вино е идеално за регулирање на крвниот притисок, а Роџер Кордер, професор на универзитетот Кралица Мери во Лондон, изјавува дека “сокот од брусница е безалкохолна алтернатива која ветува” за сите оние кои имаат проблеми со крвниот притисок.

Кордер, кој е автор на книгата “Диета со црвено вино”, вели дека тимот научници идентификувал состојки во брусницата кои го подобруваат здравјето на крвните садови и го спречуваат нивното стеснување, што е главна причина за висок крвен притисок.

Слични написи

Алкохолот ги влошува симптомите на алергија

Biba

Кои се најчестите прашања и одговори за миење на забите?

dart

Навики кои го успоруваат метаболизмот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.