Забава

Актуелниот првак во Формула 1 го купи својот втор пентхаус на Менхетен

Возачот на Мерцедес и актуелен првак во Формула 1 Луис Хамилтон, го купи својот втор пентхаус на Менхетен.

Триесет и четиригодишниот Хамилтон својата листа на недвижности ја збогати со посед од 36 милиони долари.

Се наоѓа во комплекс кој е познат меѓу славните и богати личности и на само еден блок подалеку од претходниот пентхаус што го купи во 2017 година.

Новиот пентхаус на Хамилтон има четири спални соби и поглед на реката Хадсон. Дел од станот има библиотека, а во моментите кога не му се чита може да се релаксира во базен.

Хамилтон е на листата на најтрофејни возачи во Формула 1 на сите времиња. Има 5 титули, колку и Фанѓо, а пред него е само Михаел Шумахер со 7 титули.

Слични написи

Висечките градини во Бали – луксузно одморалиште со уникатен поглед

Biba

Најдобрите плажи со сино знаменце во Грција за летото 2018

admin

Првиот мјузикл за деца во Македонија

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.