Автомобилизам

Lexus RC F Track Edition

Lexus своето RC F Track Edition издание премиерно ќе го претстави на претстојниот автосаем во Детроит.

Toyota на саемот во Детроит подготвува две премиерни прикажувања, и тоа на славната Supra и RC F Track Edition на Lexus.

Track Edition позади себе крие редизајнирана верзија на RC F  моделот, оптимизирана аеродинамика, рекалибриран систем за бесење и намалена маса, а редизајнираниот RC F може да биде достоен наследник на легендарниот модел на Lexus со ознака LFA,

Lexus RC F Track Edition има петлитарски V8 мотор со 478 ks и вртежен момент од 530 Nm. За преносот на силата на моторот задолжен е рекалибриран автоматски менувач со 8 степени на пренос. Со помош на системот Launch Control, автомобилот од 0-100 km/h стигнува за 3,9 секунди. Од Lexus тврдат дека нивниот RC F Track Edition има најдобар сооднос на маса и сила во класата.

За намалување на 80 килограми од автомобилот заслужни се деловите направени од карбонски материјали како поклопецот на моторот, кровот, предниот и задниот спојлер. За ентузијастите што го поминуваат своето време на патеките, подготвена е верзија со комплетно керамички сопирачки од Brembo.

Меѓу деталите наменети само за RC F Track Edition е и црвената кожа во кабината, а автомобилот ќе се нуди само во две бои, бела и сива.

Цената на RC F Track Edition сè уште не е позната.

Слични написи

Alpina ја претстави новата тјунинг гордост B7 со 600 коњски сили

Biba

Porsche ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet

Biba

Суператрактивниот концепт на ауди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.