Забава

Најдобрите плажи со сино знаменце во Грција за летото 2018

Кога ќе помислиме на летување, пров што ни паѓа на памет е Грција и нејзините убави плажи. Во продолжение ќе се запознаете со најдобрите плажи со сино знаменце во Грција кои треба барем еднаш во животот да ги посетите.

Оваа титула претставува еколошки стандард на квалитет, заштита на околината, море и брег.

 

Плажата Маратиас на Крф

Плажата се наоѓа во непосредна близина на Кавос и е вистински скапоцен камен. Заради исклучителниот квалитет, чистота и погодни услови на брегот означена е со сино знаменце.

Според мислењето на многумина што ја посетиле е најубавата плажа на Крф. Доколку сте во потрага по залез на сонце кој одзима здив, тогаш оваа плажа е за вас. Преубава песочна плажа со тиркизно море буди преубави чувства и ве опушта максимално.

Плажата Мартиа е долга 2 километри. Можете да уживате во блиските кафеани со чадори и лежалки, или да се осамите недалеку од нив.

 

Плажата Сарти, Ситонија

Кога ќе зачекорите на оваа плажа со плаво знаменце ќе ви се причини кат таа да нема крај, бидејќи широкиот појас на жолто-бел песок се претега со километри. Она што е карактеристично за плажата Сарти е тоа што од неа ќе имате најдобар директен поглед на планината Атос и со сигурност ќе ве воодушеви.

Иако Сарти е летувалиште кое сеуште се развива, тука нема ништо да ви недостасува, бидејќи можете да најдете се што ви е потребно. Можете да се охрабрите и да пробате некој од спортовите на вода, или да нуркате и ги истражувате длабочините.

Секоја година има се повеќе туристи, и тоа не е чудно затоа што на оваа плажа секој може да си го најде “своето место под сонцето” без при тоа да се плашите дека некој ќе ви ја прекрие простирка со неговата.

 

Плажата Скала, Кефалонија

Скала е една од бројните рајски плажи на Кефалобжнија. Песочна, прилично мирна и водата е проѕирна. Многу брзо длабочината на водата се зголемува и се препорачува на оние кои саката многу да пливаат. За разлика од некои плажи на Кефалонија, овде има многу барови, ресторани и мини маркети.

 

Плажата Порто Катсики, Лефкада

Во светот Лефкада е позната по своите преубави плажи, но Порто Катскики без сомневање се издвојува како заштитен знак на островот поради својот бел песок. Иако првото што ви паѓа на ум дека мора да поминете 100 скали да би дошле до оваа плажа, верувајте дека сепак ќе ви се исплати. Порто Катсики е плажа која можете да ја видите на сите разгледници од Лефкада, и заради големата гужва најдобро е да ја посетите или рано наутро или покасно попладне.

Морето на оваа плажа е со прекрасна тиркизна боја и делува дури и невистинито.

Слични написи

Тајландската плажа од филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо ќе остане затворена за туристи до 2021 година

Biba

Легендарните Квин добија своја монета во Британија

admin

Експресно разладете шише вино со помош на еден трик

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.