Спорт

Се огласи Марадона после веста дека го нема на клупата во Мексико

После бројните написи за тоа каде е Марадона и зошто не се појави на почетокот од сезоната во Мексико, стигна иформација дека вчера бил хоспитализиран во болница поради внатрешно крвавење, но по направените испитувања бил пуштен дома.

“Ви благодарам на сите за грижата и за пораките со поддршка. Добро сум. Жал ми е што се грижевте без причина. Ве уверувам дека нема никакви проблеми и дека сè е во ред. Одам да си ги чувам внуките. Бакнеж до сите”, порача Марадона.

Сепак, тој некој период нема да може да работи како тренер на второлигашот Дорадос во Мексико и така ќе го пропушти почнувањето на сезоната.

Под негово водство Дорадос успеаја да стигнат до плејофот и добија шанса за пласман во елитниот ранг на мексиканскиот фудбал, но застанаа на последниот чекор од елиминациите против Атлетико Сан Луис.

Слични написи

Македонија се искачи на првото место во групата

admin

Јирген Клоп казнет со 45.000 фунти

Biba

Возбудливо во Ресен на натпреварот помеѓу РК Преспа и РК Работнички

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.