Спорт

Возбудливо во Ресен на натпреварот помеѓу РК Преспа и РК Работнички

На денешниот натпревар од седмото коло од Првата македонска ракометна лига помеѓу РК Преспа и РК Работнички, ракометарите од обете екипи покажаа доста возбудлива и квалитетна игра. Иако на полувремето резултатот беше нерешен 15:15, крајот ја додели победата на ракометарите на РК Работнички со предност од 4 гола и резултат 25:29.

Низ целиот натпревар и двете екипи се бркаа со резултатот, РК Работнички поведе со 3 гола разлика, а на моменти разликата беше и 5 гола, за на полувремето ракометарите да отидат на пауза со нерешен резултат. Второто полувреме исто така беше прилично динамично, но квалитетот и упорноста на играчите на РК Работнички доведе до победа на скопјаните.

За РК Работнички головите ги дадоа: Никола Димитров 7 голови, Олег Кумогородски 6 голови, Христијан Милошевски 6 голови, Стефан Николовски 5 голови, Дмутро Полиак 2 гола, Кристијан Анастасовски 2 гола и Бојан Љубевски 1 гол. Да не ги заборавиме и останатите заслужни за денешната победа во Ресен. Комплетниот тим на денешниот натпревар се вложија максимално и продуцираа уште една победа за РК Работнички, и со тоа дојдоа чекор поблиску до Супер лигата.

За РК Преспа головите ги дадоа: Филип Шиклевски 8 голови, Илија Јошевски 4 голови, Никола Тасевски 3 голови, Џанер Шабединовски 3 голови, Иво Андоновски 3 голови, Николче Даскаловски 2 гола, Кире Башевски 1 гол и Димитар Савевски 1 гол.

 

Слични написи

Кичевчанкатa Андреа Белеска потпиша за Анкара Јенимаале

admin

Црвена ѕвезда со заработка од 19,9 милиони евра

admin

Што прави Жозе Мурињо по отказот од Манчестер Јунајтед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.