Забава

Во Јапонија е продадена најскапата туна на светот

На пазарот за риба во Токио, на сопственик на суши ресторан му била продадена сина туна за рекордни 3,1 милиони долари.

За 278 килограми месо од сина туна, Кијоши Кимура – сопственик на ланецот ресторани по име Суши-Занмај, ја платил наведената сума и со тоа го дуплирал претходниот рекорд што го постигнал купувајќи месо од туна во 2013 година.

Самопрогласениот крал на туната изјави дека бил шокиран од високата цена, но не дозволил да биде разубеден од купување. Тој очекувал сумата да изнесува помеѓу 276 илјади и 460 илјади долари, но на крајот платил петпати поскапо.

Масивната туна била уловена во близина на северната јапонска префектура Аомори.

“Туната изгледа вкусно затоа што е дебела и свежа, но мислам дека премногу платив”, вели Кимура.

Јапонија е најголем потрошувач на туна во светот и честопати се соочува со меѓународна критика заради намалувањето на популацијата на пацифичката сина туна. Оваа риба не се размножува регуларно во заробеништво, па јапонските научници со декади се обидуваат да најдат начин да го подобрат нивното производство во вештачките рибници.

Слични написи

Метод што треба да се применува и денес: како се зголемувала свеста на учесниците во сообраќајот во Амстердам пред 70 години

Biba

Лушпата од јајце може да се искористи во градината

dart

Костим за капење од изолир лента кој повеќе открива отколку што сокрива

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.