Потребни состојки:
300 г сечкан спанаќ (може и смрзнат)
1 сечкан морков
1/2 патлиџан исечен на парчиња
450 мл пилешки бујон
250 г тортелини со сирење
1/4 лажица сув босилек
1/4 лажица ситно сечкан лук
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во тенџере на шпорет ставете го пилешкиот бујон, спанаќот, морковот и патлиџанот. Загревајте ја супата додека да проврие, потоа намалете ја температурата.
- Додајте ги тортелините и варете на тивко 10-15 минути или додека да се сварат.
- Зачинете со босилек, лук, сол и бибер.
- Послужете ја супата додека е топла.
На здравје!