Технологија

Lenovo Z5s и официјално со Snapdragon 710 процесор и тројна задна камера

Како што беше најавувано, а сега веќе и официјално, новиот модел на Lenovo со ознака Z5s ќе биде опремен со Snapdragon 710 процесор и ќе има тројна задна камера.

Lenovo Z5s со ознака L78071 ќе биде со 4 или 6 gb рам меморија и со 64 или 128 gb внатрешна меморија. За пофалба е LTPS екранот со 6,3 инчи и FHD+ резолуција, кој работи на 12о Hz.

Lenovo Z5s има предна селфи камера од 16 mp со отвор на бледата од f/2.0 и задна тројна камера од 16 mp и f/1.8 + 8 mp и f/2.4 , додека третата камера е со 5 mp за bokeh ефекти.

Опремен е и со два стерео звучника. А за напојувањето е задолжена батерија од 3300 mAh.

Куќиштето на телефонот е стаклено, а рамката е метална. Подржува 4D U-touch, и работи на ZUI10 интерфејсот на Lenovo, кој се базира на оперативниот систем Android Pie 9.0.

Слични написи

Samsung Galaxy A9, првиот смартфон со 4 задни камери

admin

Земјата видена од вселената во 8К резолуција

Biba

Портрет насликан од вештачка интелигенција

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.