Технологија

Портрет насликан од вештачка интелигенција

Светот на вештачката интелигенција од ден во ден се повеќе ја менува реалноста во која живееме, навлегува во секоја пора од секојдневниот човечки живот. Дали тоа ќе го облагороди или не – е вистинското прашање.

Како пример за тоа како и каде сè е присутна вештачката интелигенција е примерот на сликата создадена од програма на вештачка интелигенција.

Се работи за слика со назив “Портрет на Едвард Белами”, која е креирана од уметничката група “Obvious”, со користење на алгоритам на вештачка интелигенција и податоци внесени од 15000 портрети, сликана во периодот од XIV до XX век.

Ова е прво дело на вештачка интелигенција кое е продадено на аукција. Привлече огромно внимание како од медиумите, така и од купувачите.

Цената која ја постигна на аукцијата во Њујорк е 432.000 долари.

“Вештачката интелигенцијата е само една од технологиите што ќе има влијание на уметноста во иднината, иако сè еуште е рано да се предвиди какви сè промени ќе има”, изјави Ричард Лојд од аукциската куќа Кристи од Њујорк.

 

Слични написи

Данска и Германија ќе ги поврзе најдолгиот подводен тунел во светот

dart

Нов рекорд за SpaceX

admin

Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.