Забава

Изолираната тврдина каде што е откриена вакцината против чума

Alexander I е тврдина која е изградена на вештачки создаден остров во далечната 1845 година и во потполност е опкружен со вода или мраз, во зависност од годишното време.

Островот е вештачки создаден со забивање на греди во дното на морето и потоа е полнет и граден со бетон, гранит и песок за да ја издржи тежината на воената база.

Низ времињата, Alexander I била морнарички извиднички пункт, место на кое истурале отпад, место каде што се одржувале забранети рејв забави, но најпозната е по тоа што била место каде што е откриена вакцината против најсмртоносната болест на сите времиња – чумата.

Тврдината никогаш не била користена како корисно воено утврдување и тука била сместена воената база за истражување, истражувачкиот центар и лабораторијата.

Кон крајот на деветнаесетиот век (1884 година) Александар Јерсин го открил патогенот на чумата, а руската влада веднаш оформила специјална комисија за превенција од ширење на болести и научен тим кој ќе се бави со бактериологија.

Изолираноста на тврдината се покажала како исклучително корисна за сместување на научниците и за нивната работа. Лабораториите почнале да функционираат во 1897 година и биле дел од Царскиот институт за експериментална медицина.

Комплексот содржел многу објекти, големи печки за кремирање на животните на кои се вршеле тестирањата, изолациски простории, библиотека и коњушници во кои се чувале коњите на кои се тестирала вакцината. Развојот на вакцини била главната функција на центарот, а се верува дека се вршени тестови за вакцини против колера, тетанус, тифус и серија инфекции од стафилококи и стрептококи.

Работата и престојот во ова место не биле ни најмалку безопасни. На неколку наврати се појавувале мали епидемии од чумата во период од 1904-1907 година.

Откако власта во Русија ја презеле комунистите локацијата е затворена, а експертите се прераспоредени на други локации низ државата.

Денес на тоа место руската морнарица врши поправки на своите пловила и има свои магацини, а местото може да се посети туристички.

Слични написи

Штрумфовите ќе наполнат 60 години

admin

Претставен е еден од најголемите крузери на светот

admin

УНЕСКО ја заштити реге музиката како дел од светското културно наследство

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.