Гастрономија

Брзо колаче со ореви

 

Потребни состојки:

2 јајца

2 чаши шеќер

1 чаша млеко

1/2 чаша масло

2 чаши брашно

5-6 лажици мелени ореви

2 ќесички ванилин шеќер

1 ќесичка прашок за печиво

1 чаша = 200 мл

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги белките со шеќерот, потоа додајте ги жолчките и продолжете со матење.
  2. Кога ќе добиете густа и пенеста смеса намалете ја брзината на матење и полека додавајте ги млекото, маслото, брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и оревите.
  3. Кога ќе се соединат сите состојки, смесата ставете ја во намастено и набрашнето тавче и печете околу 25 минути на 200 степени Целзиусови.
  4. Колачето сервирајте го откако ќе се олади, а по желба може да направите глазура од чоколадо или од еурокрем, или едноставно да го посипете со шеќер во прав и со сечкани ореви.

На здравје!

 

Слични написи

Лазањи со модар патлиџан

Biba

Модри патлиџани полнети со сирење

admin

Превкусни мафини со Нутела

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.