Автомобилизам

Mercedes X класа – чудовиште со 6 тркала

Carlex Design, успешна дизајнерска куќа, го додаде во својот тим одделот за дизајн на пикап верзии и реши да направи проект во кој ќе биде вклучен мерцедесовата X класа со 6 тркала.

Овој автомобилски ѕвер засега не постои, туку е прикажан со рендери. Од Carlex Design нагласуваат дека сите додатоци и панели ќе бидат изработени од карбонски влакна.

На рендерите се гледа масивен вентилациски капак на моторот, а на кровот од кабината се гледаат додатни светла. Додаден е трет сет на тркала и калниците се додатно проширени за да се обезбеди доволно простор за поголеми тркала. Контрастот на темната каросерија го прават жолти детали.

Дополнителни информации за зголемување на моќта на моторот и други технички детали нема, но се знае дека стандардниот 3.0 V6 турбо-дизел мотор има 258 ks и вртежен момент од 550Nm. Според изгледот на возилото од рендерите, овој мотор се чини ќе биде премал.

Carlex Design има намера да вгради и систем за кочење од карбон-керамика, специјално бесење и чекрк.

Возилото има работно име Exy Monster X Concept и претставува екстремна верзија на мерцедесовата X класа.

Слични написи

AUDI A6 доби Black Edition верзии

Biba

Возачот на Ферари Ф1, Шарл Леклер, остана без часовник вреден 320.000 долари

dart

Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.