Автомобилизам

Возачот на Ферари Ф1, Шарл Леклер, остана без часовник вреден 320.000 долари

 

Леклерк бил со пријателите и тренерот Андреа Ферари во Виареџо, Тоскана, Италија, кога му бил украден часовникот Ричард Мил од 320.000 долари.

Според италијанските медиуми, Леклерк бил забележан од група обожаватели и запрен барајќи автограми и фотографии. Толпата брзо го опколила, а некој успеал да му го тргне часовникот од рака.

“Виа Салватори е во темница со месеци и  тоа го пријавуваме. Сега нè ограбија. Мислиш да поставиш осветлување? Прашувам за пријател”, напиша тренерот на Леклер на Инстаграм.

Полицијата покренала истрага, а се уште не се знае дали нешто друго е украдено.

Ова не е прв пат да биде украден вреден часовник од Формула 1 возач. Возачот на Мекларен, Ландо Норис, исто така го загуби часовникот Ричард Мил по финалето на Евро 2020 на Вембли минатата година.

Слични написи

Volkswagen со план да произведува 300.000 електрични возила годишно

admin

Мерцедес ги напаѓа БМВ и Ауди

admin

Telluride новиот SUV за осум лица на KIA

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.