Автомобилизам

Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad

Една од италијанските компании за тјунинг на возила Castagna Milano, има неколку интересни проекти, Fiat 500 кабриолет, Rolls-Royce coupe,  но најновиот е веќе во фаза на развој.

Станува збор за своја верзија на Audi A8 Avant Allroad со V12 мотор и quattro погон. Основата е редизајнирана верзија на претходната генерација на Audi A8 која почна да се произведува во 2014 година.

Дизајнерите на Castagna Milano на овој луксузен седан му дадоа нова кровна линија со традиционален караван облик и додадоа allroad детали како сребрени кровни носачи, црна пластична заштита на лаковите над тркалата, алуминиумски украси на предниот и задниот браник.

Изгледот на задните врати директно покажува дека дизајнот започнал како седан верзија која прераснала во караван.

Автомобилот е сè уште во фаза на развој и од компанијата сè уште немаат објавено детали за ова возило. Единствени детали кои се познати е тоа дека автомобилот е во целост изработен од алуминиум и дека за продолжување на кровниот дел се користени карбонски материјали.

Ознаката W12 се однесува на моторот на Audi со 12 цилиндри и 6,3 литри со ознака FSI, кој во фабричката конфигурација има 493 ks и 625 Nm вртежен момент.

Повеќе детали од компанијата најавуваат за неколку недели.

Слични написи

Aston Martin ја прослави 100-годишнината на Zagato со близнаци од серијата Vintage

Biba

Jaguar F-type Rally Concept

admin

На својот 65-ти роденден Fiat 500 води според продажбата во Европа

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.