Сцена

Мексиканката Ванеса Понце де Леон е новата Мис на светот

Во Кина, во конкуренција на 117 натпреварувачки од целиот свет, избрана е најубавата за 2018 година.

Тоа е Ванеса Понце де Леон, претставничката на Мексико, а убавицата на Тајланд е нејзина прва придружничка.

По влегувањето во првите пет, претставничката на Мексико ги освои срцата со нејзината прекрасна насмевка и фустанот во црвена боја со сјајни, сребрени, украсни детали.

Таа е првата Мексиканка што ја освоила оваа престижна титула и нагласи дека покрај со убавината, судиите ги убедила и со интелигентните одговори на прашањата што ѝ ги поставиле.

За најубава девојка од Европа е прогласена убавицата на Белорусија, мис на Карибите е девојка од Јамајка, мис Африка е од Уганда, а мис на Азија и Океанија е од Тајланд.

https://youtu.be/IrTQ35olBX4

Слични написи

Кејт Винслет денес го прославува својот четириесет и трети роденден

admin

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

Бен Афлек ја продава вилата за вртоглава сума и се сели со Џенифер Лопез во нов дом

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.