Автомобилизам

McLaren 720S Spider директно го напаѓа Ferrari 488 Spider

Откако пред некој период од McLaren ги презентираа ултимативните тркачки модели Senna и Speedtrail, решија да се посветат малку и на пополнување на гамата на автомобили со ознака Super Series и тоа со воведување на моделот 720S Spider.

Основната цел на инженерите на McLaren е да се задржи малата вкупна тежина. Елементите, иако со сложен дизајн и функционалност, успеаја да бидат со мала тежина. Механизмот на склопливиот кров е само 49 килограми.

Вкупната тежина на McLaren 720S Spider е само 1,332 килограми и со тоа е за 88 килограми полесен од својот директен конкурент Ferrari 488 Spider.

Што се однесува до спринтирањето од 0-200 km/h, 720S Spider од својот брат во купе верзија е поспор и му требаат 7,9 секунди или десетинка од секунда повеќе. Со подигнат кров со леснотија достигнува 341 km/h, додека со спуштен кров максималната брзина му е 325 km/h колку што постигнува и неговиот конкурент од Италија.

Во McLaren ја постигнаа оваа тежина со користење на електрично придвижуваниот покрив изработен од јаглеродни влакна и му требаат само 11 секунди да се дигне или спушт, со што за 6 секунди е побрз отколку кај Ferrari 488 Spider. Разлика постои и во тоа на која максимална брзина е дозволено да се прават операции со кровот. Кај Ferrari 488 Spider е 30 km/h, додека кај McLaren 720S Spider е 50 km/h.

Моќта на McLaren 720S Spider доаѓа од стандардниот 4 литарски V8 мотор со 710 ks и 770 Nm на вртежен момент. Таа сила се пренесува преку задните 20 инчни тркала со помош на SSG менувач со 7 степени на пренос.

Слични написи

Од 2030 година, Форд на клиентите во Европа ќе им нуди само електрични автомобили

dart

Mercedes-AMG G63 Yachting Edition на Carlex чини 329.000 евра

dart

Кој е подобар тркач: Volkswagen Golf GTI TCR или Hyundai i30 N Performance?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.