Љубов и секс

Најчестите грешки што се прават со кондомите

 

Користење на презерватив при секс ги штити двата партнера од сексуално преносливи болести и од несакана бременост. Ефикасноста е загарантирана само доколку користиме правилна големина на кондом и доколку кондомот го користиме според специфицираните правила за чување и користење.

Ова се петте грешки што најчесто се прават при користење на кондомите:

  • Чување на кондомот во паричник, во задниот џеб од панталоните – Презервативите се исклучително растегливи, но не се семожни. Поголемиот дел од мажите носат кондом за секој случај во паричникот во задниот џеб од панталоните. Триењето и зголемената температура при стискање и седење на кондомот може да го оштети и да ја намали неговата ефикасност и сигурност. Тоа е една од најчестите грешки.
  • Недоволен празен простор на врвот од кондомот – Ако при навлекување не се остави доволно празен простор на врвот од кондомот, околу 1,3 сантиметри, се ризикува да дојде до пукање на истиот, а со тоа се поништува основната функција да штити од сексуално преносливи болести и несакана бременост.
  • Кондом со погрешна големина – Поголемиот број мажи има пенис со просечна големина и ним им одговара кондом со стандардна големина. Но, постојат мажи кои имаат пенис поголем или помал од просечниот. Таа група мажи треба да користи кондом според големината на нивниот пенис, помал или поголем, за да не се најдат во ситуација кондомот да им пукне или да им падне.
  • Предоцна навлекување на кондом – Некои парови го вклучуваат кондомот во нивниот секс дури пред да дојде до ејакулација на мажот, што е сосема погрешен начин на користење како контрацептивно средство и на средство за заштита од полови болести.
  • Рок на траење на кондомите – Кондомите дефинитивно имаат рок на траење и не се препорачува да се користат по истекот на овој рок. Секогаш проверувајте го датумот наведен на пакувањето на кондомите. Презервативите кои имаат додатен лубрикант или средство за ладење имаат помал рок на траење од класичните кондоми.

 

Слични написи

Важни совети за запознавање преку интернет

admin

Може ли да сакате двајца мажи во исто време?

Biba

Треба ли да останете пријатели по раскинувањето на врската?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.