Гастрономија

Едноставен намаз од туна

 

Потребни состојки:

150 г туна (може и од конзерва)

220 г крем сирење

1/2 чаша павлака

1/4 чаша лимонов сок (по вкус може и повеќе)

1 лажичка сол (или повеќе ако јадете посолено)

4 страка исечкан млад кромид (може да го замените со праз, бел или црвен кромид)

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во процесор за храна или блендер и блендајте додека да добиете мазна конзистенција. Пробајте го намазот и ако има потреба додајте сол и лимонов сок. Ако сакате малку текстура, може дел од кромидот ситно да го исечкате, а остатокот да го изблендате, и дел од туната да ја разделите на ситни парчиња, а остатокот да го изблендате.
  2. По желба може да додадете и други зачини како магдонос и копар.
  3. Послужете го намазот со парчиња француски леб, брускети, крекери или чипс.

На здравје!

 

Слични написи

Домашен чоколаден намаз

Biba

Чоколадни топчиња со лешници

Biba

Здрава домашна гранола

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.