Љубов и секс

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Заборавете ги скапите подароци и парите. Постојат машки особини кои ги привлекуваат жените, особини кои ако мажот ги поседува, тоа го прави перфектен партнер за секоја жена.

  • Смисла за хумор – Ако мажот успее искрено да ве насмее и во негово друштво се чувствувате пријатно, хуморот е главниот активатор на опуштена атмосфера и создавање на симпатии. Не станува збор за вицови и шеги, туку за вистински и здрав хумор, нешто што ја разоружува секоја жена. Маж со добра смисла за хумор ќе ве натера да заборавите на сите моментални проблеми и потешкотии, а смеата и доброто расположение ќе направи посебна врска меѓу вас.
  • Грижа – Мажот што се грижи за вас е добар материјал за долга врска или брак. Со грижењето ви покажува колку всушност сте му важни и колку му се важни вашите чувства. Тоа се квалитети што секоја жена ги цени и посакува.
  • Слушање – Многу истражувања покажале дека е потешко да слушате некого отколку да зборувате. Слушање со разбирање и внимание, открива каква личност сте всушност. Ако пронајдете маж кој ќе ве слуша со внимание и разбирање, сте пронашле скапоцен камен.
  • Доверба – Довербата е темел на секоја стабилна врска. Директно е поврзана со верноста на партнерот и претставува нешто што треба да се негува секојдневно. Ако жената се чувствува сигурно и нема потреба да го анализира мажот, тоа е доказ дека врската е здрава. Според тоа, довербата е една од најважните особини што секоја жена ги посакува и ги цени кај мажот.
  • Храброст – Тоа е вистински магнет за секоја жена. Кога мажот ќе покаже храброст, пожртвуваност, жената знае дека тој може да ја заштити и дека со него може да биде потполно сигурна.

Слични написи

Кога може да имате секс без заштита?

Biba

Потребни се 13 сексуални односи во месецот за забременување

admin

Љубов во првата секунда

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.