Забава

Осумгодишен јутјубер заработува 22 милиони долари годишно

Форбс направи листа на најбогатите јутјубери за 2018 година. На прво место на листата се наоѓа седумгодишниот Рајан. Неговиот јутјуб канал Ryan Toys Review му донесе приход од 22 милиони долари во 2018 година. На јутјуб каналот малиот Рајан прави рецензии на играчки за деца. Објавува видеа скоро секој ден, досега неговите видеа имаат 26 милиони гледања и го следат дури 17,3 милиони луѓе. Кога ќе го запрашаат зошто е толку следен и гледан, малиот Рајан вели дека неговите видеа се интересни и смешни и децата го сакаат тоа. Со неговата гледаност и приход, Рајан го тргна од првото место минатогодишниот првак Џејк Пол.

Во неговите видеа се појавува и неговата сестра близначка на поврзаниот јутјуб канал Ryan’s Family Review.

Слични написи

Virgin Australia им помага на патниците да се справат со стресот од летање со авион

admin

Принцот Џорџ наполни 5 години

Biba

Започна фестивалoт „Преспаленд 2021“

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.