Забава

Започна фестивалoт „Преспаленд 2021“

 

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион– „Преспаленд 2021“.

Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на  групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“.

 

Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

 

 

Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1-ви и 2-ри август во Амфитеатарот во Ресен и кај Споменикот во Отешево. Во рамки на „Преспаленд 2021“ акустичен концерт ќе одржат Љубојна и Слаткаристика, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и македонски филм на отворено.

 

Слични написи

Како најефикасно да го користите клима-уредот

Biba

Поради несреќата на Болдвин, Двејн Џонсон повеќе нема да користи вистинско оружје на снимањата

dart

Претставен е еден од најголемите крузери на светот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.