Спорт

ФФМ соопшти дека се одложува стартот на Првата лига

Поради комплетирање на документацијата во процесот на лиценцирање на клубовите за сезоната 2018/2019, (ФФМ) реши да го одложи стартот на Првата македонска фудбалска лига за една недела.

Извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 од Првата МФЛ ќе се одржи на 1 август 2018 (среда) во 12 часот во Куќата на фудбалот. Почетокот на натпреварувачката сезона 2018/2019 се презакажува за 12 август 2018 (недела) поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона. Сите клубови се поканети со свој претставник да го следат извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 во Првата МФЛ. – објаснија од ФФМ во интернет соопштението.

Првата МФЛ и во оваа сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи: Шкендија, Вардар, Работнички, Шкупи, Ренова, Победа, Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП и Беласица.

Слични написи

Кристијано осуден на 2 години затвор

admin

Платини: “Никогаш не била полесна одлуката кој треба да ја добие Златната топка”

Biba

Федерер го доживеа својот најбрз пораз во последните 16 години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.