Спорт

Федерер го доживеа својот најбрз пораз во последните 16 години

 

Швајцарецот Федерер на турнирот во Синсинати во меч од осминафиналето, загуби од русинот Андреј Рубљев со резултат 2:0 во сетови.

По само 62 минути игра Рубљев го елиминираше и со тоа Федерер го доживеа најбрзиот пораз во последните 16 години.

Неодамна Швајцарецот изјави дека по поразот на турнирот Вимблдон, каде што изгуби од Ѓоковиќ во финалето, десет дена не пипнал рекет и очигледно е дека излегувањето од форма го зема својот данок.

Последниот ваков пораз Федерер го доживеа во 2003 година кога за 54 минути беше елиминиран од Франко Сквилари со 2:o во сетови.

 

 

Слични написи

РК Работнички со нова победа

admin

Македонија се искачи на првото место во групата

admin

РК Работнички изигра рутински во Гевгелија

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.