Психологија

Ако сте лути, побавно ќе оздравете

 

Тврдењето дека смеењето е најдобар лек е поткрепено со необично истражување кое покажало дека лутината и стресот го успоруваат процесот на оздравување. Една американска студија го измерила влијанието на лутината врз процесот на лекување.

Истражувачи од Универзитетот на Охајо го следеле процесот на оздравување кај мажи кои доживеале срцев и мозочен удар, и кај пациенти со срцеви болести, хипертензија и намален имунитет.

Бил следен и процесот на ревитализација на повредите настанати од изгореници кај 98 пациенти.

Пред почетокот на истражувањето, сите испитаници пополниле тест кој ја прикажал нивната психичка состојба и го одредил степенот на нивната лутина.

Резултатите јасно покажале дека лицата кои имаат проблем со контролирањето на бесот, оздравуваат четири пати побавно.

“Способноста на човекот да ги контролира своите емоции и изливи на бес, влијае на брзината на неговото оздравување”, објаснува авторот на студијата, психологот Жан-Филип Гуин од Универзитетот на Охајо.

Ниското ниво на контрола на лутината резултира со лачење на повисоки нивоа на хормонот на стрес – кортизол, што го продолжува времето на заздравување на раните и на опоравување од болести.

 

Слични написи

Техники со кои искусните лажговци ги прикриваат своите лаги

Biba

Што е тоа депресија?

admin

Оптимизмот е добар за духот, но и за телото

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.