Психологија

Кратката дремка го подобрува памтењето

Неодамна, германски научници утврдиле дека дури и најкраткото дремнување може да биде доволно за видливо да ги подобри резултатите на тестови за меморија. По кратка шестминутна дремка, доброволците кои учествувале во истражувањето значајно побрзо успеале да се сетат на зададените зборови, пренесува стручното списание New Scientist.

Германски научници утврдиле дека кратката дремка може да го подобри памтењето. Повеќе студии до сега покажале поврзаност помеѓу сонот и памтењето, со јасен доказ дека редовниот циклус на легнување и станување игра важна улога за здравјето на секој поединец.

Групата научници од Универзитетот во Дизелдорф сакале да утврдат колку долг или краток треба да биде сонот за да може да се каже дека неговиот резултат е видлив и корисен за процесот на памтење.

Од една група студенти било побарано да запомнат неколку зборови, а потоа, пред почетокот на тестирањето добиле пауза во траење од еден час. За тоа време, на некои студенти им било дозволено да отспијат околу шест минути, а останатите можеле да спијат и подолго.

Интересно е тоа што студентите кои биле разбудени после кратка шестминутна дремка, покажале подобри резултати во тестот на меморија, односно се покажале како поуспешни во памтењето на зададените зборови.

Според некои теории, процесирањето на паметењето се случува за време на длабокиот сон, значи во фазата која обично почнува по околу 20 минути од заспивањето. Научниците кои работеле под водство на д-р Олаф Лал сметаат дека токму моментот кога личноста тоне во сон поттикнува процес во мозокот кој се продолжува без оглед на тоа колку долго личноста била будна.

“Ова е прв доказ кој ни покажува дека краткиот сон овозможува делотворно подобрување на памтењето”, смета д-р Лал.

Слични написи

Особини на луѓето кои сакаат да читаат книги

Biba

Социјалната изолација во тинејџерските години може да доведе до хронични болести подоцна во животот

Biba

Секое четврто лице страда од ментално нарушување

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.