Автомобилизам

Дома направете спреј за брзо одмрзнување на автомобилските стакла

Доаѓа зимата и почнуваат проблемите со замрзнати стакла на автомобилите. Мора да се гребат, да се загреваат, да се губи време наутро кога е ладно.

Сепак, со помош на неколку средства што ги имаме и дома, може многу да си ја олесниме ситуацијата. Може да си направиме магичен спреј за одмрзнување на замрзнати автостакла.

За да го подготвите овој спреј, потребно е:

  • пластично шише од 1 литар со прскалка
  • 200 мл вода
  • 600 мл чист алкохол
  • 3 лажички течно средство за миење садови

Сите течности ставете ги во шишето со прскалка и силно протресете го шишето за да се измешаат состојките.

Употреба:

Испрскајте ги замрзнатите стакла со подготвената течност и оставете краток период да делува. Потоа лесно со стругалката за мраз отстранете го остатокот од мразот од стаклото.

Мешавината на алкохол и вода брзо го топи мразот, а средството за миење на садови ги омекнува гумичките на бришачите.

Слични написи

Kласика и луксуз споени во мерцедес 600 пулман

Biba

Новиот концепт на GMC носи назив Sierra 1500 AT4 All Mountain

Biba

Фолксваген би можел да произведува електрични модели

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.