Гастрономија

Топла салата од киноа и зеленчук

 

Состојки:

200 г киноа

400 мл бујон од зеленчук

2 чешниња лук

2 тиквички

4 патлиџани

1 лажица масло

сок од 1 лимон

сол, бибер и магдонос

Подготовка:

  1. Киноата измијте ја убаво, прецедете ја и сварете ја во зеленчуковиот бујон.
  2. Лукот ситно насечкајте го, тиквичките и патлиџаните пресечете ги на тркалца и пропржете ги на масло заедно со лукот. Ставете сол и бибер.
  3. Сварената киноа (исецедена од течноста) измешајте ја со зеленчукот, додајте ги ситно насечканиот магдонос и лимоновиот сок, помешајте и послужете додека е топло. По желба, може да додадете и сварена пченка или слануток, а патлиџаните да ги замените со чери домати.

На здравје!

 

Слични написи

Нискокалоричен чипс од краставици печен во рерна

Biba

Карамел сос

Biba

Нугатино торта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.