Гастрономија

Печени пиперки во сос од лук

 

Состојки:

4 поголеми месести пиперки

4 чешниња лук

4 лажици маслиново масло

1 лажица лимонов сок

сол, бибер и магдонос

Подготовка:

  1. Пиперките убаво измијте ги, пресечете ги на половина по должина, исечете ја дршката и исчистете ги семките.
  2. Со пресечената страна кон долу наредете ги во тавче обложено со хартија за печење, напрскајте ги со 1 лажица маслиново масло, сол и бибер.
  3. Печете ги околу 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови. Потоа превртете ги на другата страна и печете уште 20-25 минути.
  4. Лукот ситно насечкајте го, па измешајте го со останатите 3 лажици маслиново масло, со лимоновиот сок и ситно насечканиот магдонос (по потреба додајте сол и бибер или зачини по ваша желба). Вака приготвениот сос налејте го врз печените пиперки и послужете ги како салата, мезе или како прилог на јадења со месо.

На здравје!

 

Слични написи

Индиски лепчиња (наан) со лук

Biba

Детокс супа

Biba

Палачинки без јајца и млеко

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.