Технологија

Bugatti изработи велосипед

Името Bugatti секогаш го поврзуваме со суперавтомобили, но во случајов ќе го поврземе со модел на велосипед.

Иако велосипедот не е брз како суперавтомобилите, сепак подеднакво импресионира.

PG Bugatti е велосипед изработен од 95% на јаглеродни влакна и затоа тежи само 5 килограми, и со тоа влезе во категоријата на најлесните урбани велосипеди на светот.

Од производителот наведуваат дека доколку сакаат да имаат велосипед на електричен погон, значи за помрзливите, треба само да го наведат тоа при нарачката.

Дизајнот на PG Bugatti потекува уште од 1913 година, од времето кога Ettore Bugatti си цртал и изработувал најразлични дизајни на хартија.

Велосипедот ќе биде изработен во 667 примероци. За секој примерок се потребни 900 часови труд и тоа ја оправдува цената од 35.000 евра.

 

Слични написи

Играта Fortnite минатата година ја заврши со заработка од 2,4 милијарди долари

Biba

Електрични концепти на Harley-Davidson

admin

Втора генерација на поевтиниот iPhone SE

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.