Технологија

Втора генерација на поевтиниот iPhone SE

„Епл“ го претстави новиот поевтин модел на iPhone, без да биде домаќин на какви било посебни настани, поради пандемијата на коронавирус. Новата, втора генерација на iPhone SE го носи истото име како оригиналниот iPhone SE претставен во 2016 година. Чини 399 УСД, нарачките започнаа во петокот на 17 април и ќе пристигнат на 24 април, пренесува CNBC. Овој модел на iPhone беше претставен во многу тешко време за оваа компанија, кога милиони луѓе ги загубија своите работни места како резултат на тековната криза, што ги погоди и канцелариите на Apple во Кина. IPhone SE има многу исти внатрешни компоненти како iPhone 11 и iPhone 11 Pro, а изгледа исто како и iPhone 8. Исто така, е подобар телефон од iPhone 8 и за луѓе кои не сакаат да трошат многу пари на телефони на Apple, iPhone SE е многу подостапен.

Слични написи

Држењето лаптоп во скут може да биде многу штетно

Biba

Од Антарктик се одвојува санта мраз двојно поголема од Њујорк

Biba

НАСА реши да истражува мистериозен остров

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.