Сцена

Spice Girls се спремаат за повторна турнеја по 10 години пауза

Девојките од светски познатата група Spice Girls, по 10 години пауза решија повторно да се обединат и да направат голема британска турнеја, но за жал без Викторија Бекам.

Деталите за враќањето на музичката сцена го обелоденија денес.

Турнејата ќе ја започнат на стадионот на Etihad во Манчестер на први јуни 2019 година, а картите се во продажба веќе од оваа сабота.

Spice Girls исто така ќе настапат во Coventry, Sunderland, Edinburgh, Bristol, а турнејата ќе ја завршат на Wembly стадионот во Лондон.

“Ќе настапуваме само ние четири, но сепак се надевам дека Викторија некако ќе успее да ни се придружи. Би било штета да го пропушти ова”, изјави Мелани Браун.

Слични написи

Адел го напушти интервјуто откако новинарот рече дека не го слушал нејзиниот нов албум

dart

Во најава продолженија на филмскиот хит Аватар

admin

Страшниот Chucky се враќа на филмското платно со новиот хорор “Child’s play”

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.