Сцена

Адел го напушти интервјуто откако новинарот рече дека не го слушал нејзиниот нов албум

 

Адел го напушти ексклузивното интервју откако австралискиот новинар призна дека не го слушал нејзиниот нов албум „30“.

Водителот на „Weekend Sunrise“, Мет Доран и снимателската екипа пристигнаа во Лондон на интервју, а наводно за тоа им биле платени милион долари. Во текот на разговорот Доран признал дека слушал само една песна од албумот, а Адел веднаш решила да го прекине интервјуто.

 

Доран објасни дека не го видел мејлот во кој му бил доставен албумот. Многумина се прашуваат како успеал да направи ваква грешка. Новинарот Питер Форд напиша дека оваа ситуација е прилично непријатна, но дека Доран инаку е личност која секогаш ги извршува своите задачи.

Сепак, некои го критикуваа. Писателката Тарла Ламберт изјави дека има илјадници квалификувани новинари кои би направиле се за да бидат на позицијата на Доран и дека овој „скандал“ е идеален пример за тоа како некој ја користи привилегијата.

Слични написи

Кендал Џенер е најплатениот модел за 2018 година според Форбс

Biba

Тајра Бенкс повторно се најде на насловната страница на “Sports Illustrated Swimsuit”

Biba

Ед Ширан и Џастин Бибер направија уште еден заеднички проект

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.