Сцена

Кендал Џенер е најплатениот модел за 2018 година според Форбс

Кендал Џенер, една од сестрите Кардашијан, според Форбс е најплатениот модел во 2018 година. Таа оваа година успеала да заработи 22,5 милиони долари, со што ги престигна колешките Карли Клос и Жизел Бундхен.

Најголемиот дел од профитот на Кендал Џенер доаѓа од соработката со брендовите Adidas, Estée Lauder и Calvin Klein.

Иако таа е најплатениот модел, сепак не е најплатената во целото семејство Кардашијанови. Кајли со вртоглави 166,5 милиони долари е најплатената од сите сестри.

На второто место на листата на Форбс за најплатени модели е Карли Клос со 13 милиони долари, а третото место го делат Криси Тиген и Роузи Хантингтон со заработка од 11,5 милиони долари.

Слични написи

Кејт Винслет денес го прославува својот четириесет и трети роденден

admin

„The old man and the gun“ е последниот филм во кариерата на Роберт Редфорд

admin

Ен Хатавеј ја доби својата ѕвезда на “Патеката на славните” во Холивуд

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.