Сцена

Во најава продолженија на филмскиот хит Аватар

Филмскиот хит Аватар на американскиот режисер Џејмс Камерон кој излезе во 2009 година, постигна неверојатен успех и доби голем број фанови. Од тогаш фановите се во исчекување на продолжение. По повеќе од 10 години чекање, од продукцијата најавија продолженија, од кои првиот би се појавил во 2020 година. Џејмс Камерон изјави дека се подготвуваат дури четири продолженија на приказната за Аватар.

The way of water, The seed bearer, The tulkin rider and Avatar и The quest of Eywa се имињата на продолженијата.

Буџетот за продолженијата ќе достигне преку милијарда долари, а динамиката на објавување како што е наведено, ќе биде: Avatar: The way of water е закажан за 18 декември 2020 година, потоа следува Avatar:The seed bearer закажан за 17 декември 2021 година, Avatar: The tulkin rider ќе биде прикажан 20 декември 2024 година и последното продолжение Avatar: The quest of Eywa е закажан за 19 декември 2025 година.

Според непотврдени информации во продолженијата се очекува да се појави Кејт Винслет.

Фановите на Аватар имаат што да чекаат.

Слични написи

2 Cellos со нов албум

admin

Ед Ширан и Џастин Бибер направија уште еден заеднички проект

Biba

Моќниот Тор се повлекува од Холивуд

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.