Гастрономија

Овесна каша со ореви и банана

 

Потребни состојки:

1/3 чаша овесни снегулки

1/2 чаша млеко

1/3 чаша слатка павлака или јогурт

1 лажица мед

1/4 лажичка цимет

1/4 лажичка екстракт од ванила

1 прстофат морска сол

За сервирање:

1/4 чаша сечкани ореви

1 банана исечкана на тркалца

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во длабок сад и измешајте ги.
  2. Ставете го садот покриен во фрижидер 6-8 часа. Потоа послужете ја кашата загреана во микробранова печка или ладна, по ваш избор.
  3. Пред послужувањето додајте ги тркалцата банана и исечканите ореви.

На здравје!

 

Слични написи

Колкав рок на траење имаат зачините

Biba

Карамел сос

Biba

Како да го исечете кромидот без солзи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.