Технологија

Дрон кој може да подигне товар 40 пати поголем од својата тежина

FlyCro Tugs се минијатури дронови, конструирани и развиeни на Универзитетот Стенфорд, а се инспирација од формата и анатомијата на инсектите и пајаците кои имаат способност да се зацврстат на најразлични површини со своите пипалки. Со овој принцип на прицврстување на површините, дронот би имал способност да повлече товар до 40 пати поголем од својата тежина.

Истражувачите веруваат дека заради малите димензии, FlyCro Tugs дронот ќе може да се движи по тесни простори и територии што не се проодни. Би бил одлична помош при пребарување и спасување, како и одлично средство за прегледување на детали на места што се тешко достапни за човекот. Дроновите би можеле да поместуваат предмети до кои е тешко да се пристапи за да обезбеди добра прегледност при работење.

Од ден во ден малите роботи-дронови имаа сè поголема примена насекаде во нашето опкружување заради нивната подвижност, малите димензии и можноста да пристапат таму каде што човекот не може.

Слични написи

Rocket Lake генерацијата на процесори на Интел ќе се појави на пазарот порано од планираното?

Biba

Royole им ги измеша сметките на Samsung и на Huawei

admin

Инстаграм ја зголеми должината на Reels

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.