Технологија

Научниците создадоа робот што го менува обликот како Терминатор

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија од Кина и Универзитетот Волонгонг во Австралија успеаја да создадат робот кој може да ја менува формата и сам да се поправа, како Терминатор во истоимениот филм. Роботот е сè уште прототип и се тестира.

Конструиран е од мал пластичен круг, литиумска батерија и капка галиум, мек сребрен метал.

Легурите на течните метали се погодни за меки роботи, бидејќи поседуваат мекост, флексибилност и голема површинска осетливост која може да се контролира. Неговата искористливост е во сите полиња од армијата до медицината, и во најразлични други области. Може да се користи дури и за транспорт на лекови низ телото, директно до ќелиите на ракот.

“Во иднина се очекува развој на други типови на меки роботи што би се користеле во најразлични мисии за спасување на жртви од земјотрес поради нивната способност да ја менуваат формата, да се провлечат низ врата, или до најразлични простори каде луѓето не можат да поминат”, изјави Танг Шијанг, истражувач од кинескиот Универзитет за наука и технологија.

Слични написи

Претставен најголемиот автономен електричен товарен авион во светот

dart

Тојота ќе оди на Месечината

Biba

Вечерва на Марс се спушта сондата Insight

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.