Технологија

Rocket Lake генерацијата на процесори на Интел ќе се појави на пазарот порано од планираното?

На интернет неодамна протекоа податоци што најверојатно произлегуваат од бенчмарк мерењата за новата серија на процесори на Intel. Станува збор за Rocket Lake, серија која требаше да излезе на пазарот по серијата Comet Lake-S, што само укажува дека Интел сака сериозно да побрза со тестирањето и потоа да ги лансира новите процесори.

Која е причината за ваквото брзање на Интел?

АМД. Поточно, серијата 4000 на процесори Ryzen на АМД. Во Интел се свесни дека ако ништо не направат за подобрување, АМД ќе земе уште поголем удел на пазарот, што е нешто што Интел не треба да си го дозволи доколку сака да остане конкурентен.

За што станува збор и каква е серијата на процесори Rocket Lake?

Rocket Lake е 11-та генерација на процесори на Intel која допрва треба да пристигне на пазарот. Ова е серија која ќе има 8 јадра и 16 нишки.  

Но, со оглед на состојбата на процесорот и тестирањето, под претпоставка дека бенчмаркот е точен, станува збор за процесор кој е многу веројатно во почетната фаза на тестирање. Најверојатно ќе биде прототип модел. Уште една информација што се појави упатува на архитектурата на новата серија. Интел би можел и серијата Rocket Lake да ја дизајнира на 14-нанометарска архитектура.

Што е најинтересно за овој бенчмарк? Најинтересно е што најверојатно ќе ја видиме новата серија Rocket Lake на пазарот многу порано од првично планираното. Ова е секако добра вест за корисниците и самиот пазар, бидејќи не би било добра идеја да се остави АМД сам долго време на пазарот.

Интел може да изненади и наместо да промовира една серија, всушност да промовира две серии на своите процесори.

Она што е евидентно е дека ако Интел сака да остане конкурентен на пазарот, мора да стори нешто наскоро и тоа треба да биде многу добро. Серијата AMD Ryzen 4000 на АМД, која исто така ќе пристигне на пазарот подоцна оваа година, и понатаму ќе бранува.

Доколку Интел сака да ја забави популарноста и продажбата на АМД процесорите (што досега не успеа, особено во последните две години), она што им е потребно на клиентите е добра, квалитетна и не премногу скапа серија на процесори.

Слични написи

Нова опција на Твитер

Biba

Сметките на WhatsApp на мета на хакерите

admin

Vivo официјално ги претстави мобилните телефони X90, X90 Pro и X90 Pro+

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.