Спорт

РК Работнички со нова победа

И на вчерашниот натпревар против ракометарите на РК Младост од Богданци, Работнички влезе како апсолутен фаворит, а излезе како апсолутен победник. Оствари убедлива победа од 43:23, со резултат на полувреме 22:12. Со секоја остварена победа ракометарите на РК Работнички се сè поблиску до Супер лигата. Во моментов Работнички е поставен цврсто на врвот со 16 бодови.

За Работнички головите ги дадоа: Стефан Николовски 7, Христијан Анастасовски 6, Мартин Димовски 5, Никола Димитров 5, Анастасие Петров 4, Христијан Милошевски 4, Лука Благопетров 3, Михаил Кочаров 3, Антониј Мисаиловски 2, Филип Давитков 1, Мартин Игнов 1, Армен Садиковиќ 1 и Бојан Љубевски 1. Еден од најактивните и најдобрите играчи беше голманот Мурат Куртановиќ.

Останатите играчи од тимот прикажаа континуитет во квалитетот на играта и беа подеднакво заслужни за денешниот успех.

За Младост од Богданци головите ги постигнаа: Митко Стоилов 7, Саше Михајловиќ 4, Ристе Колевски 4, Мартин Фиданов 2, Драган Паиќ 2, Никола Роглев 1, Дарко Михајловиќ 1, Миленко Јанчев 1 и Ѓорѓе Олумчев 1.

Слични написи

Возбудливо во Ресен на натпреварот помеѓу РК Преспа и РК Работнички

admin

Дресот на Јувентус од следната сезона ќе има нов дизајн

Biba

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.