Здравје

Здравјето на децата е поврзано со степенот на образование на родителите

 

Според најновата германска студија, здравјето на децата и тоа како е поврзано со степенот на образование на родителите.

Не е потребен докторат за да се биде добар родител. Меѓутоа, образованието во тоа може да има далеку поголемо влијание отколку што мислиме. Истражувањето покажало дека поздравите деца имаат пообразовани родители.

На децата чии родители немаат факултетска диплома почесто им се пропишуваат лекови и почесто одат во болница, отколку децата чии родители се со високо образование, покажува истражувањето за деца и адолесценти што го спровела германската организација за јавно здравствено осигурување DAK – Gesundheit.

Разликите биле особено впечатливи кога станува збор за расипувањето на забите и дебелината, кои се забележани три пати повеќе кај децата кои имаат помалку образовани родители. Пронајдена е слична поврзаност и во поглед на развојот на нарушувања на однесувањето.

“Степенот на образование има поголем ефект отколку што се очекуваше”, изјави првиот човек на GAK-Gesundheit – Андреас Сторм, кој сугерира дека болеста на децата е често пати поврзана со начинот на живот на нивните родители.

Волфганг Грајнер, професор по здравствена економија на Универзитетот Билефелд и еден од авторите на истражувањето, изјави дека за здравјето на децата би било покорисно вложување во образованието отколку зголемување на домашните приходи.

Истражувањето се темели на податоци кои опфаќаат речиси 590.000 деца и околу 430.000 родители на кои DAK им пружа здравствено осигурување.

 

Слични написи

Што е мозочна магла и што ја предизвикува

dart

Некои од најопасните бактерии живеат во вашиот туш

Biba

Пеган – диета која не изгладнува

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.