Здравје

Некои од најопасните бактерии живеат во вашиот туш

Штетни организми познати како микробактерии живеат во вашиот туш, било да е тој метален или пластичен. Според некои истражувачи, тоа се организми што можат да го загрозат вашето здравје. Во некои ситуации можат да бидат причинители за разни инфекции на белите дробови.

Притисокот и топлината на водата што поминува низ тушот се идеално тло за развој на овие микроорганизми.

Во едно истражување спроведено во 656 домови во САД и во Европа, откриено е присуство на вакви микробактерии. Утврдено е дека во домовите каде што водата во тушевите е од комуналните водови и каде што случаите на бактериски воспаленија на белите дробови се поголеми, всушност имало присуство на микробактериите за кои станува збор.

Симптоми на инфекциите кои ги предзвикуваат овие миркоорганизми се хронична или повторувачка кашлица, висока телесна температура, намалување на енергијата, губиток на тежина.

За изненадување е тоа што бактериите повеќе биле присутни во металните тушеви отколку во пластичните.

Сепак, место за паника не постои. Можноста за инфекции на белите дробови не е толку голема. Поподложни на вакви воспаленија се лицата со нарушен имунитет. Исто така, овие инфекции лесно се третираат со лекови.

Важно е периодично да ги потопувате главите од тушевите во раствор на алкохолен оцет и вода и да ги оставите да отстојат некое време за да се исчистат. На овој начин ќе го исчистите и бигорот кој во меѓувреме со собрал во дупчињата на тушот.

Во околината во која престојува човекот има и други потенцијални места за размножување на бактерии, како што се сунѓерчињата за миење садови, апаратите за кафе, крпите. Важно е и нив периодично да ги чистите со раствор од оцет и вода и редовно да ја одржувате хигиената во кујната и во тоалетот.

Слични написи

Намирници кои имаат многу долг рок на траење

Biba

Студија открила докази за постоење на микропластика во човечкото тело

Biba

Фотофобија – осетливост на светлина

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.